Фудбал
Барселона го договорила првото засилување за јануари, подготвени 50 милиони евра!
Барселона летово донесе неколку звучни засилувања, но сезоната на каталонскиот клуб не оди според очекувањата бидејќи се на прагот на испаѓање од Лигата на шампионите, поради што челниците на клубот веќе размислуваат за јануарскиот преоден рок и играчите кои може да ги донесе на Камп Ноу.
Каталонскиот клуб минатото лето потроши речиси 200 милиони евра за доведување нови засилувања и се очекуваше Барселона да се врати на голема врата оваа сезона што се однесува до Лигата на шампионите, но како што стојат работите тоа нема да се случи.
Веќе многумина се разочарани од фактот што очигледно нема ништо од нокаут фазата во Лигата на шампионите, иако од друга страна Барселона игра одлично во домашниот шампионат.
Сепак, очигледно е дека Жоан Лапорта и неговите колеги веќе размислуваат како да го засилат тимот и да имаат подготвен список со желби кога е во прашање јануарскиот преоден рок.
Шпанските медиуми денеска пишуваат дека Барселона веќе речиси го договорила првото зимско засилување, а станува збор за португалскиот играч за врска Рубен Невес, кој на Камп Ноу треба да дојде од Вулверхемптон.
Невес има договор со Вуков до летото 2024 година, но тој е решен дека е време за нов предизвик во кариерата, а поради интересот на Барселона летово одби неколку примамливи понуди.
Португалецот беше на мета на Манчестер Јунајтед и Челзи, но на крајот ги одби тие понуди бидејќи неговиот агент Жорге Мендеш веќе беше во контакт со Барселона.
Барса не можеше да го доведе поради беспарица, па овој трансфер го остави за јануари и очигледно е дека не се откажаа од него, а Невес треба да биде првото засилување на блауграните оваа зима.
Каталонски Спорт пишува дека деталите се одамна договорени и дека Барселона за овој играч од средниот ред ќе плати околу 50 милиони евра на Вулверхемптон.
Невес пристигна во Вулверхемптон летото 2017 година од Порто за 20 милиони евра, а се прославува