Connect with us

Фудбал

Кога Конте ќе полуди! Во 96-та славеа како луди, а потоа студен туш од ВАР собата (ВИДЕО)

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте е лут поради поништениот победнички гол на натпреварот против Спортинг Лисабон, кој можеше да го одведе неговиот тим во осминафиналето на Лигата на шампионите, на едно коло пред крајот на групната фаза. За неговата бурна реакција, Конте доби црвен картон.

-Би сакал да видам вакви одлуки на врвна екипа во важен меч. Би сакал да видам дали ВАР е толку храбар да донесе таква одлука, повторувам, непоштена одлука бидејќи топката беше пред Кејн. Жал ми е, но навистина сум вознемирен бидејќи некогаш не можете да ја прифатите состојбата. Сепак, мислам дека тоа не е добро бидејќи не гледам дека беше чесно. Во таква ситуација станувам навистина, многу, многу вознемирен, вели Конте.

Тотенхем одигра 1:1 против Спортинг, а по употребата на ВАР технологијата, дури во шестата минута од судиското продолжение голот на Хари Кејн беше поништен.