Фудбал
Мурињо го надмина легендарниот Сер Алекс Фергусон и сега е прв рекордер во Европа
Во последното коло Рома ќе брка пласман во нокаут фазата во Лига Европа, откако синоќа со 2:1 славеше на гостувањето кај Хелсинки. Во оваа група Бетис е прв со 13 бодови и веќе обезбеди пласман во следната рунда, а на едно коло до крајот Лудогорец и Рома имаат по седум бодови. Токму овие две екипи во Рим на 3-ти ноември во директна пресметка ќе решаваат кој ќе се пласира во 1/16 финалето.
Освен победата, тренерот на Рома, Жозе Мурињо постигна голем рекорд на мечот со Хелсинки. Имено, тој стигна до 107-та победа во европските натпреварувања со што стана единствениот тренер кој стигнал до таков учинок, надминувајќи го легендарниот Сер Алекс Фергусон.
Освен со Рома, Мурињо во Европа играше и со Порто, Интер, Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Јунајтед, Тотенхем. Лигата на шампионите ја освои со Порто и Интер, а минатата сезона со Рома го освои новото натпреварување Конфренециска лига на УЕФА. Со Манчестер Јунајтед го освои пехарот во Лига Европа.