Connect with us

Фудбал

Поранешен фудбалер на Наполи и Интер го совладал напаѓачот, кој со нож уби едно, а повреди четири лица

Лице, чиј идентитет се уште не е откриен, а кое според италијанските медиуми имало психички проблеми, доцна вчера попладне со напад со нож во супермаркет во Италија убил едно, а повредил четири други лица. Меѓу повредените бил и фудбалерот на Монца, кој игра во овој клуб како позајмен од Арсенал, чии повреди не биле смртоносни.

Италијанските медиуми со нова вест за овој трагичен настан. Како што објавија тие, Масимо Тарантино, поранешен фудбалер на Наполи, Интер и Болоња е човекот кој го совладал напаѓачот и на тој начин спречил да повреди или убие уште лица.

Медиумите барале од него да сподели детали за целиот настан, но тој одбил и само кусо изјавил: Не сум херој, не сторив ништо посебно.