Фудбал
Фудбалерот на Монца објави фотографија од болница откако преживеа хорор и напад со нож (ФОТО)
Пабло Мари, фудбалер на Арсенал, кој игра како позајмен во италијанска Монца, објави фотографија на својот Инстаграм од болница, каде што е сместен откако преживеа напад со нож во еден супермаркет, во текот на вчерашниот ден.
Според тоа што тој го порачува, но и според извештаите, Мари е добро, неговата повреда не е сериозна.
Инаку, во текот на вчерашниот ден, лице, за кое се утврдило дека имало психички проблеми извршило напад со нож во супермаркет, убило едно лице, а повредило уште четири, меѓу кои и фудбалерот Пабло Мари.
Според извештаите, напаѓачот бил совладан и соборен од поранешен играч на Наполи, Интер и Болоња, Масимо Тарантино, но случајно се нашол во маркетот.