Фудбал
Вардар е на врвот, ја совлада непобедливата Воска
Екипата на Вардар славеше со 2:1 против Воска, еден од директните конкуренти за пласман во ПМФЛ. Дарио Денсиќ во 18-та и Дарко Мицевски со еврогол во 25-та минута се најзаслужните за триумфот. Изаир Емини намали од пенал. Вардар заслужено победи, беше подобар противник, со што и го нанесе првиот пораз на Воска во оваа сезона.
„Црвено-црните“ сега се лидери во Втората лига со 25 бодови.