Connect with us

Фудбал

Гвардиола саркастично му одговори на Ибрахимовиќ: Го молам Халанд да не постигнува по три голови!

-Може ли Гвардиола да го направи Халанд уште подобар? Се зависи од егото на Пеп – дали ќе дозволи Халанд да биде “поголем” од него или не? Не ми дозволи, а не им дозволи ниту на другите играчи, рече вчера во негов стил Златан Ибрахимовиќ.

Одговорот на Гвардиола стигна денеска.

-Тој е апсолутно во право. Во овој клуб, во овој тим, моето его е над секој човек, над секој играч. Воопшто не ми се допаѓа кога Ерлинг постигнува три гола и целиот фокус е на него. Многу сум љубоморен, но навистина сум љубоморен, изјави менаџерот на Манчестер Сити.

Му реков: Ерлинг, те молам не давај повеќе голови, инаку медиумите нема да пишуваат за мене, додаде Пеп, а на прашањето дали е саркастичен, тој одговори:

„Не, не. Ибрахимовиќ е во право, тој ме познава совршено. Можеби може да напише уште една книга“.

Односот меѓу шведскиот ас и Гвардиола е затегнат уште од времето кога Ибрахимовиќ кратко беше дел од Барселона. Пеп потоа го пресели Златан на клупата, за да му ја препушти улогата на централен напаѓач на Меси, а Ибра никогаш не му го прости тоа.