Фудбал
Што се случува со Карим Бензема?!
Карим Бензема ја освои Златната топка, но не може да се пофали со најдобрата физичка форма оваа сезона.
Французинот веќе беше на неколку недели пауза поради повреда на стартот од сезоната, а сега повторно е надвор од терените.
Иако се работи за полесна повреда, не е добро што ова му е трета ваква повреда од почетокот на сезоната.
Тој во понеделник нема да игра против Рајо Ваљекано и е знак прашалник за пресметката во четврток со Кадиз.
Интересно е што Бензема е без ниту еден гол во групната фаза од Лигата на шампионите, додека во Ла Лига постигна пет на седум одиграни натпревари. Дел од шпанските медиуми поставија и реторичко прашање, дали овие чести ситни повреди можеби се и начин Бензема да се сочува да биде „фит“ за Светското првенство кое почнува за две недели.
Покрај него гостувањето кај Раџу ќе го пропуштат и Антонио Ридигер и суспендираниот Тони Крос.
Натпреварот е закажан за понеделник во 21:00 часот.