Фудбал
Проблеми за Барселона, три меча суспензија за Левандовски
Роберт Левандовски ќе ги пропушти мечевите во Ла Лига против Еспањол, кој е градско дерби и против Атлетико Мадрид, како и еден меч во Купот на Кралот. Причина за ова е суспензијата која ја доби откако на гостувањето кај Осасуна доби црвен картон. За ова тој доби еден меч суспензија, но два меча неиграње заработи поради гестикулација со прст под носот кога го напушташе теренот. Барселона секако најавува жалба, но останува да се види дали ќе биде прифатена.