Connect with us

Фудбал

Панчев испрати порака до Србија и Пикси: Неуспех да, ама треба да се промени тој балкански менталитет!

Репрезентацијата на Србија во групната фаза го заврши учеството на Светското првенство во Катар, а впечатоците за тој резултат ги искажа легендарниот фудбалер Дарко Панчев.

Тој смета дека таквиот резултат е неуспех, но дека не е се така црно.

„Неуспех на Србија? Да, неуспех. А сепак, не сум од оние кои гледаат на се црно, овој српски тим не заслужува премногу критики. Велам, тимот, мислам и на стручниот тим и на играчите, да не заборавиме дека во последните две години беа постигнати забележителни резултати, имаше натпревари кога игрaa фантастично, и како сега, одеднаш, луѓето зборуваат и пишуваат за тоа, ни играчите немаат поим?! Во секој случај, нешто се случи во Катар, се вклучија проблеми, Пикси наведува дека имало многу повреди и дека поради тоа поединци не можеле да го дадат својот максимум, верувам, секако, и повторно тоа е за анализа, е постави прашање: зошто не играа тие што се 100 отсто спремни? Можеме да се движиме во таа насока, никако да не фрламе дрвја и камења по тимот, по работата на тимот, да ги замениме побрзо и подобро… Всушност, неопходна е промена, се работи за промена на балканскиот менталитет“, изјави Панчев за Спорт клуб.