Фудбал
Кака со изјава која шокираше: Роналдо во Бразил е само дебел човек кој шета по улица…Сепак, даде објаснување
Легендарниот Бразилец Кака гостуваше на англиски „beIN Sports“ и по тој повод даде изјава која ги шокираше неговите домаќини Џон Тери и Гери Невил.
„Чудно е да се каже тоа, но многу Бразилци не навиваат за Бразил. Ако го видите Роналдо како се шета тука кај вас, ќе речете „wooww“, но ситуацијата кај нас е поинаква. Во Бразил, тој е само дебел човек кој шета по улица“, рече Кака и потоа објасни.
„Се разбира, многу Бразилци го сакаат Роналдо, јас го сакам Роналдо, но начинот на кој го гледаат во Бразил и надвор од Бразил е различен. Гледам повеќе почит кон него надвор од земјата отколку дома“.
Кака зборуваше и за статусот кој го има Нејмар во својата земја. Имено, познатиот ас отворено го поддржува поранешниот десничарски претседател Болсонаро.
„Во моментов многу луѓе во Бразил зборуваат за Нејмар, но на негативен начин. Дали е тоа поради неговите политички ставови? Можеби тоа е поради политиката, но ние Бразилците понекогаш не ги препознаваме нашите таленти“, вели Кака.