Фудбал
Португалија и Роналдо одат дома, Мароко е во полуфинале, историја за оваа земја (ВИДЕО)
Селекцијата на Мароко се пласираше во полуфиналето на СП во Катар и влезе во историјата како прва земја од арапскиот свет на која и успеало тоа. Славеа попладнево против фаворизираната Португалија со 1:0 со голот на Ен Насери во 42-та минута.
Првиот дел беше израмнет, Португалија со блага иницијатива, се до голот. Во вториот дел, целосна опсада по голот на Мароканците, кои ја чекаа својата шанса од контри. Сепак, Португалија имаше две три добри шанси, но голманот Боно бешена висина на задачата, како и на претходните мечеви. Роналдо во игра влезе во вториот дел, а иако имаше една добра шанса, при која голманот добро интервенираше, тој не успеа значително да ја подобри играта на Португалците. За волја на вистината, во вториот дел постојано се играше на половината на Мароко, кои беа дисциплинирани во дефанзивата, одлично поставени и ги затворија сите приоди кон нивниот гол.
Португалија и Роналдо одат дома, ова воедно значи и последно големо натпреварување за него во дресот на репрезентативниот дрес. Мароко во полуфиналето го чека подобриот од вечерашниот дуел Франција-Англија.