Фудбал
Се огласи Кејн по промашениот пенал против Франција: Скршен сум!
Избраниците на Дидие Дешамп победија со 2:1, а Кејн промаши пенал во 84. минута.
Катастрофално шутираше, топката мина високо над голот на Французите, кои успеаја да ја сочуваат предноста и сега чекаат средба со Мароко.
„Многу е тешко да се прифати сето ова. Скршен сум, целиот тим е скршен. Имавме силна верба дека можеме да постигнеме нешто посебно на овој Мундијал, се покажа дека деталите одлучија“, вели Кејн.
Напаѓачот на Тотенхем го изведе првиот пенал и со тоа стигна до бројката од 53 гола во Англија.
Тој го израмни рекордот на Вејн Руни.
Сепак, Кејн вели дека е пропуштена голема шанса.
„Мислам дека генерално имавме подобри шанси и подобри периоди од играта. Како капитен, ја прифаќам целата одговорност за промашениот пенал. Тешко ми е, но можам да бидам горд на оваа група за се, вели Кејн.
Тој додаде дека за него немаше дилема дали да го шутира вториот пенал.
“Јас сум некој кој се подготвува за пенали, не е важно дали ќе има еден или два на натпреварот. Се чувствувам удобно и со првиот како и со вториот. Се се сведе на прецизност, па го земам вината на себе. Да, боли и ќе ме боли уште долго, но тоа е дел од тоа да се биде капитен и лидер на тимот. Мора да ја прифатите одговорноста и јас ја преземам сега“, заклучи Кејн.