Connect with us

Фудбал

Косово извиси, стадионот од Катар „974“ оди на друго место!

Стадионот 974 на кој Србија на Светското првенство во Катар го загуби мечот од Швајцарија со 3:2 веќе е демонтиран.

Името го добил по 974-те контејнери од кои е направен. Целосната структура ќе биде пренесена на бродот и ќе се упати кон Уругвај каде повторно ќе се состави.

Заедно со Чиле, Аргентина и Парагвај, Уругвај ќе биде кандидат за домаќин на Светското првенство во 2030 година, кое треба да одбележи 100 години од првото Светско првенство што се одржа во Уругвај.

Според првите информации, стадионот 974 требало да биде донација од Катар за Фудбалскиот сојуз на Косово, но од тоа нема ништо.