Connect with us

Фудбал

Немаат храброст да и ја соопштат тажната вест-Мајката на Пеле се уште не знае за неговата смрт, има 100 години и е во болничка постела

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, бразилскиот ас Пеле, почина на 29 декември во болница, по тешко боледување. Со години се бореше против ракот, но овој натпревар не успеа да го добие. Таа информација го погоди целиот фудбалски свет и од различни страни доаѓаа изрази на сочувство, а за смртта на познатиот фудбалер не била информирана само неговата мајка.

За време на животот на Пеле тој бил многу приврзан за својата мајка Селест, која има точно 100 години, па разбирливо е зошто неговата сестра Марија Лусија се уште не и кажала за смртта. Сестрата на Пеле е во тешка ситуација бидејќи веста за смртта на Пеле може дополнително да ја влоши здравствената состојба на нејзината мајка, која исто така е болна и во моментов не може да ги расудува работите на вистински начин.

„Зборуваме, но таа не ја знае ситуацијата. Таа е во свој свет. Ги отвора очите кога ќе го спомнам неговото име и ми вели: „Ќе се молиме за него“, но не е навистина свесна што зборувам. “, рече Марија Лусија до Насименто во едно интервју. Свесна е дека ќе мора да разговара со мајка си за смртта на легендарниот фудбалер, но и треба вистинскиот момент да го направи тоа.

Инаку, Пеле често во разговорите ја истакнувал љубовта кон мајка си. Дури и на своите профили на социјалните мрежи често објавуваше фотографии со неа, а особено трогателно беше кога пред неколку месеци на Инстаграм и го честиташе 100-тиот роденден.