Connect with us

Фудбал

Ристовски: Во Македонија сонуваат да имаат клуб како Хајдук или Осиек, а да не зборуваме за Динамо

Македонскиот капитен Стефан Ристовски даде опширно интервју за Индекс, во кое зборуваше најмногу за Динамо Загреб. Сепак, го прашаа и за Македонија и фудбалот тука и како во Македонија се гледа на клуб како Динамо Загреб.

И како ќе гледаат? Во Македонија сонуваат да имаат клуб како Хајдук или Осиек, а да не зборуваме за Динамо. Се што се прави овде во фудбалот е чудо, луѓето не се доволно свесни за тоа. Навистина ме интересира како би биле овие големи фудбалски нации кога би работеле во услови во кои работат овде, вели Ристовски.

На прашањето дали Аријан Адеми недостигна во тимот на Динамо, Ристовски вели:

Не сакам да ја префрлам одговорноста на друг, но очигледно е дека тој недостасува, мислам дека сите го гледаат тоа. Динамо постоеше и пред него, ќе постои и по него, но таков карактер, фигура и присуство на теренот е многу тешко да се замени. Дури и тој не веруваше колку е важен за нас кога зборувавме за тоа. Кога беше на теренот, како да имаше посебна ѕвезда над себе. Не знам, тешко ми е да објаснам. Мора да научиме да играме без него бидејќи најлесно е да се жалиме дека ни недостасува ова или она. Ако јас почнам да кукам, тогаш ќе го направат и другите, а тоа не е добро, вели Ристовски.