Connect with us

Ракомет

Червар за доаѓањето во Битола: Не можев да работам во Хрватска, па морам во странство!

Многумина мислеа дека нема да се врати, бидејќи веќе пет години не е на тренерска клупа, а веќе е влезен во втората половина од осмата деценија од животот, но Лино Червар (75) сè уште може и сака да работи. Од следната сезона ќе биде тренер на Еурофарм Пелистер, клуб кој последните три години е учесник во Лигата на шампионите.

Червар договорил двегодишна соработка, а откако го водеше Металург до клупски височини и златна ера со осумгодишен мандат, седум трофеи и две четвртфиналиња во Лигата на шампионите, во Пелистер очекуваат тој повторно да донесе трофеи во македонскиот ракомет. Сепак, предизвикот ќе биде голем поради силниот Вардар, амбициозниот Охрид и Алкалоид.

-Луѓето од Пелистер имаа голема желба да дојдам. Бидејќи не можам да работам овде, морам знаењето и искуството да го пренесувам во странска земја. Имам поинаков пристап и теорија на тренинг, но не можев да работам овде, изјави Червар за хрватските медиуми.

Останатото е веќе познато: светски и олимписки шампион со Хрватска, најтрофеен хрватски тренер со седум медали од големи натпреварувања. Последен пат беше на тренерска клупа на Светското првенство во Египет во 2021 година, но неговата желба не исчезнала.