Ракомет
Играше за ПСЖ, а сега најново засилување за Охрид, Кеита договорен!
Француското лево крило Адама Кеита потпиша денеска договор со ГРК Охрид како петто засилување во редовите на македонскиот ракометен прволигаш за следната сезона.
Двцаеетиосумгодишниот Кеита, како што е соопштено, стави потпис на едногодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Кеита ќе му се приклучи на ГРК Охрид од редовите на грчки АЕК, откако претходно во кариерата настапуваше и за францускиот гигант ПСЖ.
„Започнува ново поглавје за мене. Горд сум што му се приклучувам на ГРК Охрид и што ја започнувам оваа нова авантура во Македонија. Му благодарам на клубот за довербата што ми ја укажа. Доаѓам со голема желба, амбиција и волја да го дадам максимумот на теренот за боите на клубот. Со нетрпение очекувам да започнам и да се запознаам со нашите навивачи.“, изјави Кеита за клупскиот сајт.
Кеита во кариерата настапуваше за француските репрезентации во младинските категории и го освои бронзениот медал на Светското јуниорско првенство во 2017 година.