Фудбал
ВИДЕО: Шкендија ќе брка два гола негатива на реваншот во Скопје
Македонскиот претставник во Лига Евроап вечерва беше совладан од екипата на Розенборг.
Домаќинот дојде во водство уште во 11. минута од натпреварот со голот на Исам Џебали за 1:0.
Само четири минути подоцна, односно во 15. минута од натпреварот Бендтнер го зголеми водството на Розенборг на 2:0.
На самиот крај на првото полувреме домашната екипа доаѓа до предност од 3:0, а голот го постигна Џонатан Леви во 44. минута од натпреварот.
Шкендија со негатива од три гола го започна второто полувреме. Македноскиот претставник се обидуваше да постигне гол на секаков можен начин, а тоа конечно му успеа во 76. минута од натпреварот.
Стенио Жуниор ја намалува предноста на Розенборг и ги поставува конечните 3:1 на овој натпревар.