Connect with us

Фудбал

Родригез: Милан се уште е Милан

Швајцарскиот репрезентативец Рикардо Родригез признава дека и понатаму е интересен за ПСЖ.

Швајцарецот иако порано се поврзуваше со клубот од Париз, но сепак остана во Милан. Откако неговата селекција беше декласирана од Исланд со 6:0, во денешниот натпревар од Лигата на нации, зборуваше за можен трансфер во ПСЖ.

„Беше интересна понудата од ПСЖ, но јас и понатаму се уште играм за Милан, на еден од најубавите стадиони Сан Сиро. Навивачите се прекрасни а Милан и понатаму е Милан. Луѓето и понатаму може да зборуваат што сакаат, но секој би сакал да игра за Милан. Ќе почекаме да видиме што ќе се случува, ако одиме во Лига на шампиони, најверојатно ќе останав во Милан“, рече Родригез.