Connect with us

Фудбал

Има договор меѓу Реал и Конте

Реал Мадрид се договорил со Антонио Конте, а Италијанецот ќе биде објавен како нов ментор на тимот воследните неколку дена.

Сегашниот трнер на европскиот шампион, Хулен Лопетеги, продолжи да ги подобрува сите негативни рекорди откако го води „белиот балет“. Реал е во серија од пет последователни натпревари без победа во сите турнири, а четири од овие дуели на „лос бланкос“ се порази.

Италијанските медиуми објавија дека Антонио Конте спровел разговори со шефовите на тимот од Мадрид. Промената се очекува да биде официјално објавена веднаш штом Лопетеги ќе биде ослободен од неговите обврски.