Connect with us

Фудбал

Петровска: 1.000.000 евра за северната трибина на стадионот под „Тумбе кафе“

На денешниот отчет по повод една година нова локална власт во Битола, градоначалникот Наташа Петровска рече дека оваа година општината ќе издвои 1.000.000 евра за изградба на северната трибина на стадионот под „Тумбе кафе“.

„Општина Битола во голема мерка го помага и спортот, а за финансирање на спортот издвои над 600.000 евра. Само за северната трибина на стадионот под Тумбе кафе годинава се извојуваат 1.000.000 евра“, рече Петровска на прес конференцијата.

Овој проект веќе долго време го очекуваат битолчани, но до сега само ветувања без никаква реализација. Оваа сезона фудбалскиот клуб „Пелистер“ премина во втора лига.