Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Брозовиќ го повтори лудиот потег

Хрватот и на мечот во Рим каде неговата екипа одигра маестрален фудбал го повтори потегот од гостувањето кај Барселона кога воодушеви со еден доста мудар потег за да го одбрани голот.

Тоа што го направи Марсело Брозовиќ на дуелот со Барселона каде Нероаѕурите загубија со 2-0 на Камп Ноу во третото коло од Лигата на шампионите, остана запаметено како еден од најмудрите потези во фудбалот, но, Хрватот тука не застана.

Интер со двата гола на Икарди, односно, едниот на Брозовиќ, дојде до убедлива победа над Лацио на гостувањето во Рим во рамките на десеттото коло од Серија А, а Хрватот при еден слободен удар на домаќините, го повтори лудиот, и доста мудар потег од дуелот со Барселона.

Извор: 24fudbal.com.mk