Фудбал
Другото колено беше љубоморно на првото
Пред неколку дена, францускиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, го оперираше коленото, откако седум месеци беше надвор од зелениот терен поради истата повреда, но на другото колено. Офанзивниот бек ги одигра сите 90 минути во градската пресметка против Манчестер Јунајтед, но поради големи болки мораше да го напушти кампот на француската репрезентација.

Поранешниот фудбалер на Монако веднаш се упати кон Барселона каде беше опериран од омилениот доктор на актуелниот менаџер на Сити, Пеп Гвардиола, Рамон Цугат.
Засилувањето од 60 мил. евра го искористи својот инстаграм профил за да потврди дека операцијата поминала во најдобар ред.
- Другото колено беше љубоморно поради првата операција, но се помина како што треба и за брзо време се враќам на теренот. Извините дечки, мора да пронајдете нов капитен за Фантази менаџер за наредните натпревари, напиша Менди.
Бранителот на тронот не откри колку натпревари ќе биде без услугите на Французинот кој стартуваше на 10 од 12 натпревари во Премиер лигата. Гвардиола за таа позиција на располагање ги Фабиан Делф и Олександр Зинченко.