Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ и официјално во Милано, го завзеде бројот 21

Ибрахимовиќ ќе го има дресот со број 21, кој беше еден од малкуте слободни и некогаш го славеше Андреа Пирло.

Познатиот шведски фудбалер, 38-годишниот Златан Ибрахимовиќ, денес потпиша договор со Милан за остатокот од сезоната и по скоро осум години официјално се врати во Серија А.

Поранешниот напаѓач на ЛА Галакси има опција да го продолжи договорот во друга сезона на лето, пренесува Танјуг.