Connect with us

Фудбал

Силва се искачи на седмото место на листата најдобри асистенти во Премиер лигата

Фудбалерот на Манчестер сити, Давид Силва на денешниот дуел со Астон Вила ја забележа 90. асистенција во Премиер лигата и влезе во најдобрите седум асистенти.

Силва му асистираше на Серхио Агуеро за голот во 57. минута.

Пред Силва според овој индикатор се: Рајан Гигс (172 асистенции), Цеск Фабрегас (111), Вејн Руни (103), Френк Лампард (102), Денис Бергкамп (94) и Стивен Џерард (92).