Connect with us

Други спортови

Уште еден бронзен медал на младинското Европското првенство во Будимпешта

Во последниот ден од Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21 што се одржува во Будимпешта, Роберто Ацковски во конкуренција на помлади сениори (У21) во категорија -67кг постигна 5 победи и 1 пораз и освои бронзен медал.

Во првото коло со 5:3 го победи португалецот Луис Андре, во второто коло против Гаиги Шалев од Израел победи со 4:1, во третото коло против чехот Матејка Јан извојува победа со 6:1 а потоа изгуби против црногорецот Бојан Бошковиќ со 1:4.

Понатаму во репасажот се сретна со русинот Олег Кавка и при резултат 2:2 или сенсу на изјаснување со 4:1 го освои бронзениот медал.