Connect with us

Кошарка

АБА2 лига: МЗТ Скопје до победа по две продолженија

МЗТ Скопје по две продолженија славеше на гостувањето кај Рогашка со 90:83.  Сино-белите заслужено дојдоа вредните бодови во Словенија, со кои е обезбедена втората позиција на табелата.

Српскиот интернационалец Ѓорѓе Милошевиќ уште еднаш одигра фантастично, остварувајќи дабл-дабл ефект од 30 поени и 11 скока, додека двоцифрен поентерески ефект имаа уште и Дамјан Стојановски со 13 поени, осум скока и пет асистенции, Џабари Хиндс со 11 и Ерон Харис со 10 поени.

Следниот противник за македонскиот шампион е токму најголемиот ривал за првата позиција од Србија, меч кој ќе се одигра следниот четврток во Чачак.