Connect with us

Фудбал

Абдула Ал Насари: „Нема да ја менуваме религијата на 28 дена поради ЛГБТ популацијата“

Шефот за безбедност на Светското првенство, Абдула Ал Насари минатата година објави дека Катар нема да ја промени својата религија на 28 дена поради ЛГБТ популацијата.

„Ако сакате да ја истакнете ЛГБТ популацијата, направете го тоа во општество каде што ќе биде прифатено. Не доаѓајте кај нас и не го навредувајте целото општество. Нема да ја менуваме верата 28 дена поради вас“, рече тој.

Знамињата на стадионите кои припаѓаат на ЛГБТ популацијата ќе бидат отстранети. Казните за оние кои ќе го истакнат знамето ќе бидат строги.

„Кога навивач ќе подигне знаме на ЛГБТ, ние ќе го отстраниме за да го заштитиме. Некој би можел да го нападне. Ако веќе купивте карта, дојдовте на натпревар, а не да ги истакнувате своите ставови“, реча тој.