Ракомет
Готово е, нема повеќе – Дербито Пелистер -Вардар распродадено за седум минути!!!
Во Битола, на 14-ти декември, сабота се игра големото ракометно дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. Билетите за овој меч беа пуштени во продажба денеска точно напладне. Тие можеа да се купат и онлајн, а токму тоа била причината поради која веднаш биле распродадени. Како што соопшти битолскиот тим влезниците за овој меч кои биле пуштени во оптек биле распроадени за неверојатни седум минути.