Connect with us

Фудбал

Адеми: Беше премногу емотивно, немам зборови

На одржаната прес конференција по завршувањето на натпреварот Македонија – Лихтенштајн, Аријан Адеми кој по две годишната суспензија од страна на УЕФА денеска дебитираше во Струмица и постигна гол во 69. минута изјави:

„Беше премногу емотивно, немам зборови. По две години мачење и пекол, давам гол. Сакам да се заблагодарам на сите што ми дадоа поддршка. Немам што друго да кажам, затоа што се уште сум под емоции.“