Connect with us

Фудбал

Агент на фудбалер на Барселона почнал преговори со Манчестер Јунајтед

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал, би можел кариерата да ја продолжи со Манчестер јунајтед.

Видал јавно изрази незадоволство од минутажата која ја има во Барселона, сака да игра повеќе, и можеби уште во јануарскиот преоден рок ќе бара излез од оваа ситуација. Агентот на Видал веќе води преговори со Манчестер јунајтед, па нема да биде изненадување ако Видал го засили средниот ред на „црвените ѓаволи“.

Барселона би го пуштила Видал за отштета од 15 милиони евра. Видал има играно во германската, шпанската и италијанската лига, па ако замине и во англиската, ќе комплетира настапи во сите четири најсилни лиги во Европа.

Интерес за услугите на Видал има и од италијанскиот гигант Интер.