Фудбал
Агуеро го сруши рекордот од „шест“ на Манчестер Сити
Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва го совладаа Астон Вила на гостински терен со 6-1 во 22-то коло во Премиер лигата.
Головите за актуелниот шампион ги постигна Ријад Марез во 18-та и 24-та минута, Серхио Агуеро во 28-та, 57-та и 81-та минута, како и Габриел Исус во првата минута од судиското надополнување на првиот дел од играта. Во исто време Агуеро стана нов носител на рекорд откако го победи Тиери Анри по бројот на голови и со тоа стана странец со најмногу голови во историјата на ова натпреварување. Тој исто така го сруши рекордот на Алан Ширер со хет трик.
Стрелец на Астон Вила беше Анвар Ал-Гази, кој постигна гол од пенал во 92 минута.