Connect with us

Фудбал

Агуеро заминува, Гвардиола ја кажа замената, откупната клаузула е 111 милиони евра

Одличниот Аргентинец, Серхио Агуеро најверојатно по завршувањето на сезоната заминува од Манчестер Сити. Има 31.година, сакал нов предизвик, а според информациите, поради сето она што го сторил за Сити, раководството ќе го раскине договорот спогодбено да може самиот да ја бира иднината.

Пеп Гвардиола веќе одредил, односно ја избрал замената. Тоа е младиот напаѓач на Интер, Лутаро Мартинез кој сезонава игра одлично и постигна 10 голови во Серие А.

Откупната клаузула е 111 милиони евра, но тоа нема да биде проблем за Манчестер Сити.

Сепак, проблем може да биде Барселона која исто така го сака Мартинез, но и Интер, кој според амбициите тешко е да се одлучи да се раздели со напаѓачот кој сезонава функционира одлично со Лукаку и заедно во Серие А постигнаа 24 голови.