Connect with us

Фудбал

Ах, бре Роналдо што промаши? Па, потоа се чуди зошто е на клупа (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед преку пресврт стигна до победа од 3:2 на гостувањето кај Омонија на Кипар. Од прва минута на овој меч настапи Кристијано Роналдо. Тој не успеа да се запише во листата на стрелците, иако имаше шанси. Особено добра беше онаа во 78-ма минута при резултат 1:2 за Јунајтед. Практично од 5-6 метри ја погоди стативата, од ситуација и позиција од кои порано не промашуваше.