Connect with us

Фудбал

Ако имате долг нос вие сте во офсајд, се подготвува голема промена во фудбалот

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин, зборуваше за ВАР на Европското првенство 2020 година и едвај забележителните офсајди.

– Ако имате долг нос, вие сте во офсајд. Покрај тоа, ВАР црта линии. Значи, ова е субјективно цртање на објективни критериуми. Затоа, нашиот предлог ќе биде да се направи толеранција за офсајд од 10-20 см, изјави Чеферин.

Тој кажа и друг примери околу толкување на судиските одлуки.

– Пред две недели во УЕФА ги имавме најдобрите тренери: Јирген Клоп, Јосеп Гвардиола, Масимилијано Алегри, Карло Анчелоти, Зинедин Зидан. Нашиот судија Роберто Розети покажа игра со рака. Тој вели: „Дали беше или не?“ Половина од собата рече да, половина не. Па кажете ми колку се јасни правилата. Ништо не знаеме! – вели Чеферин.

Првиот човек на УЕФА потврди дека ВАР ќе се користи на Европското првенство?

– Едноставно сме должни. Затоа што сите екипи ќе се жалат кога ќе се појави грешка.