Connect with us

Фудбал

Ако не го елиминираме Реал, ќе добијам отказ, дали Пеп Гвардиола навестува нешто?!

Манчестер Сити во претходните две сезони со рекорден број на бодови ги освојуваше титулите во Премиер лигата. Прво со „стотка“, а потоа со 98. Но, сега Пеп Гвардиола и сопствениците ги интересира пехарот во ЛШ, особено ако се знае дека заостануваат многу зад Ливерпул.

Следниот противник во етлиното клупско натпреварување на Манчестер Сити е Реал Мадрид.

Гвардиола со изјава која крена прашина:

-Ако не го поминеме Реал Мадрид, претседателот или спортскиот директор би можеле да дојдат и да ми кажат како сето она што сме го направиле не е доволно, бидејќи ја сакаат Лигата на шампионите, и дека поради тоа ќе ме сменат, изјави Гвардиола.