Connect with us

Фудбал

Ако не може во Рома, може во Наполи, со Интер договорена размена

Италијанскиот спортски новинар Џанлука Ди Марцио објави сензационална вест дека Интер и Наполи договориле размена на играчи. Матео Политано, чиј трансфер пропадна во Рома, откако Интер се одлучи да не го ангажира Спинацола, кој не помина лекарски прегледи, же заврши во тимот на Елиф Елмас.

Имено, Ди Марцио, кој важи за најдобро информиран италијански новинар, тврди дека Наполи понудил 18 месечна позајмица за Политано, со задолжителен откуп за 25 милиони евра. Интер прифатил и побарал во Милано како дел од зделката да дојде и искусниот напаѓач Фернандо Љоренте. Наводно од страна на тимот од Неапол е прифатено, па се очекува во наредните неколку дена договорот да биде официјализиран.