Connect with us

Фудбал

Алаба како Меси, се сруши бајката на Баерн Минхен за успешната сезона, некој лаже!

Давид Алаба е во центарот на вниманието на спортската јавност во Германија. Баерн Минхен освои тројна круна, онаа најмногу посакуваната беше Лигата на шампионите. Не помина долго, бајката заврши, или поточно почна да се руши со насловните страници на германските медиуми.

Алаба одбива да го продолжи договорот со германскиот и европскиот првак, кој му истекува идното лето, а Баерн со сите сили се обидува да го задржи или продаде, што е последна шанса, во спротивно може да замине како слободен.

Но, она што е проблем, наводно е високата плата која ја побарал неговиот менаџер. Германските медиуми објавија дека Пини Захави во името на фудбалерот побарал годишна плата од 25 милиони евра, плус 10 милиони еднократен бонус за менаџерот.

Но, Пини Захави вели дека тоа не е точно и дека не преговарале за висината на провизијата, која наводно според разговараното би останала иста.

По менаџерот се огласи и таткото на Давид Алаба.

-Го донесов во Баерн кога беше дете и во текот на сите овие години имавме бројни понуди да го напуштиме Минхен. Бевме лојални и никогаш Давид не помисли за замине. Токму поради тоа не очекував Баерн да шири лаги по медиумите, а таквите лаги се оние за наводната плата и провизија. Не е точно дека сме одбиле нов договор поради висината на провизијата и висината на платат. Тоа едноставно го прават се со цел да ја одбиеме нивната понуда, вели Џорџ Алаба.

Наводно, Давид Алаба е подготвен да се појави во јавноста и отворено да ги соопшти сите детали од разговорите и преговорите.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com