Connect with us

Фудбал

Алаба веднаш го бакна грбот на Реал, а на навивачите на Баерн им објасни зошто

Дејвид Алаба зборуваше за своите први месеци во Реал Мадрид и неговата нова соработка со Карло Анчелоти.

Одличниот австриски универзален играч веднаш го бакна грбот на мадридскиот клуб на презентацијата во Реал, што предизвика гнев кај навивачите на Баерн.

Во интервју за Билд, тој го објасни својот гест со изјавата дека не го сторил тоа со намера да го омаловажи Баерн и да го заборави времето во тој клуб.

„Тоа не значи дека повеќе не го сакам Баерн. Тоа беше многу посебен ден за мене. Тоа беше почеток на нова фаза, но не сакав да ги испровоцирам навивачите на Баерн, поминав 13 прекрасни години во тој клуб“.

„Секогаш ќе бидам благодарен на Баерн и навивачите што ми дадоа можност да се развивам како личност и како играч. Минхен стана мојот втор дом, не сакав да повредувам ничии чувства“.

Додека играше за Баерн, негов тренер беше Анчелоти некое време, и тој повторно работи со италијанскиот стручњак во Реал.

„Работата со него е фантастична. Имавме добри односи во Минхен и ентузијазмот што тој им го пренесува на играчите на секој тренинг не е променет“, рече Австриецот.

Инаку, Реал под водство на Анчелоти одлично ја започна новата сезона и во моментов е лидер во Ла Лига, додека во Лигата на шампионите на гостувањето го совладаа Интер .