Connect with us

Фудбал

Алба застана на страната на Меси: Доволно е што од надвор не мачкаат со г**на

Дефанзивецот на Барселона Жорди Алба застана на страната на Луонел Меси во прозивките на спортскиот директор Ерик Абидал. Абидал оваа недела изјави дека Барса одлучи да го отпушти Ернесто Валверде, бидејќи тој и неговите играчи процениле дека многу играчи не се задоволни, ниту вредно ги тренира, но и заради тоа што станал интерен проблем во комуникацијата.

Лионел Меси одговори дека е разочаран од коментарите на поранешниот соиграч, особено од тоа што одлучил сите играчи да ги стави во ист „кош“ без да спомнува имиња.

На негова страна застана Алба кој по мечот и елиминацијата од Атлетик Билбао во Купот на Кралот изјави:

-Доволно овој клуб го мачкаат со г**на од надвор, така што навистина не би требало сами да се мачкаме. Тоа е граница која мора да се издржи. Абидал беше играч, навивачите го сакаат и затоа треба да знае како е во соблекувалната и како играчите се чуствуваат, изјави Алба.