Connect with us

Фудбал

Албанец ќе биде потпретседател на УЕФА, суспензијата за Русија останува на сила!

Европската куќа на фудбалот донесе неколку одлуки на Извршниот комитет во Лимасол, Кипар. Суперкупот на УЕФА, во кој се среќаваат победниците од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, ќе се одржи следната година во главниот град на Полска – Варшава. Тој натпревар на Националниот стадион е закажан за 14 август.

УЕФА уште еднаш ја осуди руската инвазија на Украина и ја потврди суспензијата на руските тимови во европските купови, до крајот на војната. Исто така, Албанецот Арманд Дука, првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Албанија, е избран за нов потпретседател на УЕФА, наместо Шпанецот Луис Рубиалес, кој беше разрешен на 10 септември поради скандалот со шпанските фудбалерки. .