Фудбал
Албанија и Косово започнуваат фудбалско натпреварување „Мајка Тереза“ – победникот оди во Лига Европа
Албанија и Косово сакаат да организираат натпреварување во фудбал „Мајка Тереза“ во кој би учествувале клубовите од првите три класи во овие земји, изјави во средата портпаролот на Албанската фудбалска федерација.
„Албанските и косовските федерации испратија писмо до ФИФА и УЕФА предлагајќи заедничка организација за Купот на Мајка Тереза“, рече Албан Татари.
Интересно е што Албанија и Косово би сакале победникот на ова натпреварување да се квалификува во Лига Европа.
„Двете федерации чекаат одговор од УЕФА и ФИФА“, рече портпаролот.
Претседателот на косовската фудбалска асоцијација Агим Адеми уште во декември рече дека проектот е претставен пред Европската фудбалска федерација.
„Проектот беше претставен пред УЕФА и владите и фудбалските федерации на двете земји работат на деталите“, рече тогаш Адеми.