Фудбал
Алегри: „Буфон е најдобриот голман во последните 20 години. Ова е неговата тајна…“
Макс Алегри ги сподели своите размислувања за неговата досегашна кариера со Старата Дама.
“Поминав три неверојатни години во Торино. Стигнавме до две финалиња во Лигата на шампионите, што е секогаш тешко достигнување. Не очекувавме да стигнеме до првото (против Барселона во 2015 година), сметавме дека би можеле да победиме на вториот (против Реал Мадрид во јуни). ”
“Буфон е најдобриот голман во последните 20 години. Неверојатно е да се види како тој сеуште е на највисоко ниво и покрај тоа што е 39. Мислам дека тајната е неговиот менталитет. Тој е како дете кое сè уште живее со страст “.