Connect with us

Фудбал

Алегри прави промени: Марио се враќа во стартниот состав, ѕвезда оди на клупа

Јувентус новата сезона од Серија А ја отвори со тешка победа над Киево 3:2, а тој натпревар ќе биде запаметен по дебито на Кристијано Роналдо за Старата дама.

Иако Португалецот не постигна гол ниту асистенција, сепак не одигра лошо и јасно е дека играта на италијанскиот шампион во иднина ќе се базира токму на него.

За да го извлече најдоброто од Роналдо, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри направи некои новини за натпреварот против Лацио, а италијанските медиуми пишуваат дека ќе прави промени во првата стартниот состав за овој натпревар.

Така, Јуве против Лацио треба да започне со формација 4-3-3 каде најнапред ќе биде Марио Манџукиќ, кој во иднина може да ‘глуми’ Карим Бензема, кој со Роналдо кој успешно соработуваше во Реал Мадрид.

Паоло Дyбала, кој во последно време не покажа игра како што се очекуваше во Торино, ќе биде на клупата.

Во нападот на Јувентус треба да играат, Манџукиќ, Роналдо и Даглас Коста, додека Квадрадо и Дyбала најверојатно ќе чекаат шанса од клупата за резерва.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Лацио ќе се одигра во сабота со почеток во 18 часот.