Фудбал
Александар Ставрев главен судија на дербито во Битола
Најдобриот македонски фудбалски судија, Александар Ставрев, ќе ја дели правдата на дерби-дуелот од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу Пелистер и Вардар кој ќе се игра овој викенд.
Покрај Ставрев, на теренот ќе бидат уште Марјан Кировски и Дејан Костадинов додека четврти судија е Марјан Смилковски, а пак делегат е Горан Михајловски. Од натпреварот , Пелистер – Вардар ќе можете да проследите директен пренос на ТВ Нова в недела од 15-30 часот.
На дуелот Работнички – Академија Пандев главен судија е Димитар Мечкаровски, на Силекс – Победа ќе суди Марјан Стојановски, а на мечевите Скопје – Шкендија и Ренова – Шкупи главни арбитри ќе бидат Васко Мавров, односно Стојанче Стојанов.