Фудбал
Александар Ставрев ќе суди во Лигата на Европа
Македонскиот фудбалски судија, Александар Ставрев ќе суди на мечот Коњаспор – Виторија Гимараеш кој е во рамките на второто коло во групната фаза од Лигата на Европа.
Негови помошници ќе бидат Марјан Кироски, Дејан Костадинов и Гоце Петрески, додека позади головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимоски.
За Ставрев ова ќе биде трет натпревар во Лигата на Европа на кој суди оваа сезона.
Претходно беше главен арбитар на дуелите Утрехт – Лех Познан и Легија Варшава – Шериф Тираспол кои се играа во предходните квалификациски рунди од оваа натпреварување.
Натпреварот Коњаспор – Виторија Гимараеш е закажан за в четврток, 28. септември, со почеток од 19 часот.