Connect with us

Фудбал

Алиоски: Да се игра во националниот дрес, мотивацијата е огромна

Македонија и гостува на Грузија утре вечер со почеток во 18 часот во обид да се реваншира за поразот во Скопје од 3:0. Ќе биде тешко, ако се знае дека селекторот Милевски за овој меч не може да смета на неколку репрезентативци, пред се капитенот Ристовски, потоа лавот во средниот ред Адеми, Чурлинов, Костадинов, Етеми…

Сепак, како што велат нашите фудбалери, но и селекторот, веруваат дека можат да слават во Тбилиси.

На прашањето за мотивацијата за овој меч, Езгјан Алиоски со одговор:

– Го исполнивме сонот овде, се пласиравме на Европско првенство, но тоа е веќе зад нас. Не е важно дали играме пред полни трибини или без публика, навивачите не се на теренот, за добар резултат треба да одиграме добар фудбал, а ние сме дојдени за да го покажеме нашиот квалитет. Поразот дома навистина беше болен за нас и ќе се обидеме да победиме тука.

– Не е потребно јас како повозрасен да ги мотивирам помладите. Овој дрес е мотивација сам за себе. Победа ќе ни донесе уште подобра атмосфера. Не сме под притисок и мислиме само на тимот.

 

Facebook