Connect with us

Други спортови

Алкараз заплака по поразот во еден од најголемите натпревари: Новаче, шампионе, учителу!

Новак Ѓоковиќ по четири часа игра го победи Карлос Алкараз со 5:7, 7:6(7), 7:6(4) со чудесен пресврт во финалето на Мастерсот во Синсинати. На доделувањето на трофејот, Ѓоковиќ (36), можеби најдобриот тенисер на сите времиња, најпрво му се поклони на својот 16 години помлад ривал, светскиот број 1: „Човеку, момче! Никогаш не се откажувај. Господи Боже ! Го сакам тоа кај тебе, но понекогаш посакувам да играш  полесно некој поен. Шпанец никогаш не умира. Сум го слушнал веќе тоа. Не знам веќе ништо.”

Тој повторно ја изрази својата почит кон својот ривал: „Видовте, секој што го гледаше ова на трибините или на преносот, виде дека ова ривалство се подобрува. Почит кон него. Тој покажува храброст во такви моменти, тоа е импресивно“.

Трогнат од зборовите на Ѓоковиќ, Алкараз се расплака: „По ова ќе ми биде тешко да зборувам, но ќе дадам се од себе. Секоја чест Новак, неверојатно е да се игра против тебе, да се биде на твое ниво. Каков натпревар беше ова Но, јас учам од шампионот како тебе“.