Фудбал
Алонсо го предложи Џерард за тренер на Ливерпул
Поранешниот шпански фудбалер Џаби Алонсо коментирајќи ги резултатите на Ливерпул изјави дека Стивен Џерард би бил добро решение за тренерското место на „Енфилд“.
– Кога јас би се прашувал, за тренер на Ливерпул би го поставил Стивен Џерард, легендарниот капитен на „редси“. Тој може да го води клубот кој секогаш има големи амбиции. Има големо знаење за фудбалот. Од друга страна, врвните фудбалерите по завршувањето на професионалната кариера имаат тешка задача да бидат исто така успешни тренери, изјави Алонсо.
Ливерпул игра многу променливо оваа сезона и поради тоа се почести се критики кон менаџерот Јирген Клоп, а речиси секојдневно во медиумите се појавуваат познати спортски имиња кои изразуваат незадоволство од играта на „црвените“ под водство на германскиот стручњак.